Афрички бран во Македонија, измерени 40!

Во текот на оваа седмица тириторијата на нашата земја и понатаму останува под влијание на многу топлата воздушна маса која продира од југ, односно од Африка.

Територијата на нашата Република Македонија, а особено регионот се зафатени од екстремно топол бран од југ, односно од Африка и истиот условува да имаме екстремно високи температури на воздухот.

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со повремем ветер од источен и од североисточен правец.

Најтопло е во Скопје Зајчеврид каде максималната температура се искачи до 40 степени. Инаку, насекаде во нашата Македонија денес температурите надминуваа 30, а на повеќе места и 35 степени.

Во текот на оваа седмица тириторијата на нашата земја и понатаму останува под влијание на многу топлата воздушна маса која продира од југ, односно од Африка.

Времето ќе биде сончево и многу топло со појава на мала локална облачност, а ќе дува  и слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец кој повремено ќе засилува на интензитет.

Во Скопје  и околината во текот на оваа седмица исто така ќе имаме сончево и многу топло време со појава на мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец кој повремено ќе засилува на интензитет.

Што се однесува до температурите, тие до петок (15 август) насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието температурите ќе се искачат  и до околу 40 степени.

Во Скопје  и околината исато така температурата ќе се искачува до близу 40 степени. Во петок (15 август) како и за време на викендот ќе имаме малку пониски температури, и та за 3 до 4 степени тие ќе бидат пониски во споредба на оние температури кои ги имаме сега.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни