Експлозии во Либан и на Кипар – Трамп: „Сите што сакаа да дојдат на власт во Иран се мртви“

Американските и израелските операции против Иран продолжуваат трет ден, додека Иран возвраќа со одмазднички напади. Во меѓувреме, регистрирани се експлозии во Либан и на Кипар, а тензиите во регионот дополнително се зголемуваат.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во изјава за ABC News рече дека потенцијалните кандидати кои САД ги идентификувале како можни наследници на власта во Иран биле убиени во саботните заеднички напади на САД и Израел.

Трамп истакна дека американските напади ќе продолжат „со полна сила“. Од друга страна, Иран соопшти дека нема да преговара со САД. Во меѓувреме, цените на нафтата нагло пораснаа поради страв од понатамошна ескалација.

Тек на настаните

Екипи на CNN од регионот јавуваат за силни експлозии во Дубаи, Абу Даби и Доха. Во Дубаи биле слушнати „две последователни експлозии“, како и прелети на авиони. Во главниот град на Катар се слушале „прилично силни“ детонации, додека во Абу Даби новинарите известуваат за „огромна експлозија“.

Во Бахреин се огласиле сирени за тревога, соопшти Министерството за внатрешни работи, повикувајќи ги жителите да „останат смирени и да се упатат кон најблиското безбедно место“.

Израелската армија најави дека ќе ги засили и интензивира нападите врз Либан и дека го зголемила распоредувањето на трупи долж границата.

„Набргу по ракетниот оган од Хезболах… го започнавме првиот широк бран напади во Бејрут и јужен Либан, таргетирајќи високи оперативци, штабови и терористичка инфраструктура“, изјави командантот на Северната команда на израелската војска, генерал-мајор Рафи Мило.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни