Eко фестивал „Sound of Green“на Пакомак

Во петок, 30 август, во 20:30 часот на две сцени во МКЦ ќе се одржи традиционалниот еко фестивал на Пакомак – „Sound of Green“

,,И оваа година ќе имаме одлична музика, дружење и селектирање на пластични шишиња и лименки! Заедно со нашите партнери од швајцарската амбасада во земјава, за „Sound of Green“ 2024 ви подготвивме програма на со македонски и швајцарски изведувачи” , порачуваат од Пакомак.

Ќе настапат: Moira, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Orphia (Швајцарија), DJ Alex Nantaya (Швајцарија)

Влезница: едно пластично шише, една лименка или инсталирана мобилна апликација Екомак: https://qrco.de/bdB0HZ

За првите 300 посетители со инсталирана мобилна апликација и минимум 10 зелени поени на неа има специјално изненадување, подарок од Пакомак.

Поддржувачи на настанот: Амбасада на Швајцарија во Северна Македонија, Макстил, Универзитет Скопје и МКЦ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни