Законот со кој се забранува одржување на паради на гордоста во Украина, усвоен од мнозинството во парламентот на Украина е под лупа на Европската комисија. Портпаролката на ЕК за социјални права и вештини, подготвеност, еднаквост, култура и здравство, Ева Хрнчирова, рече дека Комисијата во моментов го разгледува и го оценува овој закон.
„Темелно го оценуваме предлогот и потоа веднаш штом детално ќе ја разгледаме неговата содржина ќе можеме да одлучиме за каква било реакција“, изјави Хрнчирова во одговор на прашање дали ЕУ би можела да преземе некакви мерки против Унгарија „поради прекршување на европското право со усвојувањето на Законот.
На дополнително прашање дали усвојувањето на Законот може да се вклучи во случајот што се води против Унгарија пред Судот на правдата на ЕУ за заштита на децата, главната портпаролка на Комисијата, Паула Пињо одговори дека тоа евентуално ќе биде можно откако ќе заврши анализата на законското решение.
„Штом имаме некаква основа врз основа на која можеме да го направиме тоа, ќе го направиме. Но, тоа навистина ќе зависи од резултатите на нашите анализи“, рече Пињо, додавајќи дека пред да се даде дефинитивен став за законодавството тоа треба да се проанализира.