Една намирница која ќе ги избрка мравките засекогаш: Циметот е тајната

Ако долго време имате проблем со мравки кои постојано го опседнуваат вашиот дом, можеби ќе ви помогне еден едноставен зачин.

Станува збор за цимет, кој може да се додаде во вода за чистење на подови. Циметот е природен инсектицид кој мравките не го поднесуваат, што го прави одличен репелент. Додавањето на цимет на површината создава бариера која мравите не ја преминуваат. Иако повеќето луѓе уживаат во пријатната арома на цимет, мравите ја избегнуваат. Дополнително, циметот има и антибактериски својства.

Со само еден додаток, можете да добиете моќно средство за чистење на подови кое истовремено ги одбива мравките, без употреба на силни хемикалии.

Рецепт: Во 3,5 литри вода зовријте два до три стапчиња цимет. Ако немате стапчиња, користете две до три кафени лажички мелен цимет. Кога течноста ќе зоврие, исклучете го шпоретот и оставете да се излади, а потоа додадете ја во кофа за миење подови. За дополнителна ефикасност, во раствор може да се додадат неколку капки етерично масло од цимет. Ако користите само етерично масло, се потребни околу 15 капки за целата кофа.

Важно е да се напомене дека мелен цимет не е отровен за кучиња, но етеричното масло може да биде штетно, па сопствениците на домашни миленици треба да бидат внимателни при користење на оваа метода за одбивање мравки.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни