Единственото благо што го препорачуваат лекарите, велат дека е лек

Некои лекари ја споменуваат и потенцијалната улога на темното чоколадо во намалувањето на воспалителните процеси
Stack of chocolate chunks on a dark stone background with cocoa, closeup, horizontal with copy space

Темното чоколадо долго време ја носи титулата за најздрав десертн, а сè повеќе истражувања потврдуваат дека овој статус не е само мит. За разлика од класичните десерти кои претежно нудат празни калории, квалитетното темно чоколадо со висока содржина на какао содржи голем број соединенија кои можат да имаат позитивен ефект врз телото.

Научните трудови наведуваат дека флаванолите од какаото можат да придонесат за подобра циркулација, да го намалат оксидативниот стрес и да го поддржат здравјето на циркулаторниот систем, додека антиоксидансите ги штитат клетките од оштетување.

Студиите објавени во меѓународни списанија ја поврзуваат умерената консумација на темно чоколадо со намален ризик од срцеви заболувања, подобра функција на крвните садови и подобрен проток на крв.

Истражувањата исто така сугерираат дека какаото може да има позитивен ефект врз когнитивната функција, што значи дека темното чоколадо може да биде корисно и за мозокот, особено во моменти кога е потребна поголема концентрација.

Само со висока содржина на какао

Важно е да се нагласи дека овие ефекти се однесуваат исклучиво на чоколади со висока содржина на какао, додека производите со многу шеќер и дополнителни масти ги губат повеќето од овие својства.

Интересно е што темното чоколадо е популарно не само меѓу нутриционистите и лекарите, туку и меѓу познатите личности кои го вклучуваат во своите дневни ритуали.

Намалување на воспалителните процеси

Некои лекари ја споменуваат и потенцијалната улога на темното чоколадо во намалувањето на воспалителните процеси, вклучително и оние поврзани со непријатност во зглобовите. Иако ваквите тврдења секогаш треба да се гледаат во поширокиот контекст на општото здравје, фактот е дека полифенолите од какао имаат антиинфламаторни својства, што е предмет на зголемен интерес во научните кругови.

Квалитетот на производот е клучен. Вистинското темно чоколадо има најмалку 70 проценти какао, интензивна арома и цврста структура што пука кога ќе се скрши.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни