Starlink и Deutsche Telekom покренуваат сателитска мобилна мрежа во Европа

Starlink и Deutsche Telekom објавија партнерство за лансирање сателитска мобилна мрежа во Европа до 2028 година. Новата услуга ќе овозможи сигнал во планински и рурални области без изградба на базни станици.

Американскиот сателитски сервис Starlink, кој работи во рамки на SpaceX и е во сопственост на Elon Musk, објави партнерство со германскиот телекомуникациски гигант Deutsche Telekom за лансирање на сателитска мобилна услуга во Европа.

Новата услуга треба да започне со работа во 2028 година.

Покриеност без базни станици

Проектот има цел да овозможи мобилна комуникација во подрачја каде што изградбата на класична мрежна инфраструктура е тешка или ограничена – како што се: планински региони, рурални средини и заштитени природни зони

Со користење на сателитска технологија, корисниците ќе можат да добијат мобилен сигнал без потреба од изградба на дополнителни базни станици.

Според извештајот на CNBC, целта на проектот е значително проширување на мобилната покриеност низ Европа и намалување на „белите зони“ без сигнал.

Starlink и Deutsche Telekom објавија партнерство за лансирање сателитска мобилна мрежа во Европа до 2028 година. Новата услуга ќе овозможи сигнал во планински и рурални области без изградба на базни станици.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни