Sony подготвува нови RGB LED телевизори ‘True RGB’ кои ќе го надминат OLED

Sony подготвува нови RGB LED телевизори ‘True RGB’ со подобра светлина и прецизност од OLED, идеални за осветлени простории и енергетски ефикасни.

Sony подготвува нови RGB LED телевизори ‘True RGB’ кои ќе го надминат OLEDе чекор поблиску до претставување на својата нова серија RGB LED телевизори под името „True RGB“, која треба да понуди подобар приказ од OLED. Според TechRadar, регистрацијата на името во Јапонија и Канада потврдува дека плановите за новата технологија се забрзано реализираат, а премиерата може да се случи на CES 2026.

Главните предности на RGB LED технологијата се извонредната светлина и прецизност. Овие телевизори се значително посветли од OLED моделите и бараат помалку филтрирање на боите, што ја намалува појавата на „цурење“ на светлото од светли на темни делови на сликата. Тие се идеални за гледање во осветлени простории и потенцијално поенергетски ефикасни.

„OLED е на пазарот со години, но практично е ‘закочен’ на 97 инчи, при што цената останува висока во споредба со 83 или 77-инчни модели. Скалирањето ќе биде една од клучните предности на RGB LED технологијата“, велат од Sony.

Конкуренцијата исто така се подготвува за 2026. година. Hisense планира модели од 55 до 100 инчи и 116-инчен модел 116UX, TCL ги претстави Q9M и Q10M Ultra, Samsung најави свој micro-RGB телевизор од 115 инчи, а LG доби CES награда за „premium LCD TV со Micro RGB технологија“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни