Од агенцијата соопштија дека описите и категориите на производите биле такви што тешко било да не се посомнева во содржина со елементи на детска порнографија.
Од Shein веднаш реагирале, изјавувајќи дека „предметните производи биле веднаш отстранети штом компанијата дознала за проблемот“. Компанијата најави внатрешна истрага за тоа како овие артикли успеале да ја поминат нивната контрола, како и сеопфатна ревизија за откривање и отстранување на слични производи кои можеби ги нудат продавачи од трети страни.
Француските медиуми јавуваат дека DGCCRF случајот го пријавила и до јавните обвинители, како и до ARCOM, националниот регулатор за онлајн и медиумски содржини.
Инцидентот се случува само неколку дена пред Shein да ја отвори својата прва физичка продавница во светот, која ќе биде сместена во една од познатите париски робни куќи.
Извор: Index.hr