Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) денесја претстави својата визија именувана како „ Вашиот придружник за живот со вештачка интелигенција“ (“Companion to AI Living”) на “Прв Поглед“ (“The First Look“), својот настан на CES® 2026 одржан во салата “Latour Ballroom“ во “Wynn Las Vegas“. Фокусот на настанот беше вештачката интелигенција како филозофија на Самсунг (Samsung) – темел што ги поврзува истражувањето и развојот (R&D), развојот на производи, операциите и корисничкото искуство на компанијата.
TеЕм Rox (TM Roh), Извршен директор и раководител на дивизијата “Искуство со Уреди“ (Device eXperience (DX)) на “Samsung“, го отвори настанот “Прв Поглед“ опишувајќи го лидерството на компанијата во областа на вештачката интелигенција (AI) и истакна дека, благодарение на својот обемен, поврзан и поттикнат со “AI“ екосистем, “Samsung“ може да им обезбеди на корисниците вистинско искуство на “AI“ придружник во секојдневниот живот. Овој пристап им овозможува на корисниците да добијат повеќе од основните функции на технологијата и создава можности за пронаоѓање на уште позначајни моменти насекаде.
“’Samsung’ создава пообединето и поперсонализирано искуство преку мобилните уреди, визуелните екрани, апаратите за домаќинство и услугите,“ изјави ТМ Рох. „Со нашиот глобален поврзан екосистем и со интегрирање на ’AI’ во сите категории, ’Samsung’ предводи на патот за да нуди позначајни секојдневни ’AI’ искуства”.
Придружник за забава: Проширување на искуството подалеку од едноставно гледање:
ЕсВи Јонг (SW Yong), Претседател и раководител на бизнисот “Визуелни Екрани“ (Visual Display (VD)) во “Samsung Electronics“, и Сукхмани Мохта (Sukhmani Mohta), Главен директор за маркетинг и партнерства, “VD“ бизнис во “Samsung Electronics America“, објаснија како екраните на “Samsung“ ја комбинираат хардверската извонредност и визуелната интелигенција за да обезбедат вистински придружник за забава. Потпирајќи се на дваесетгодишното лидерство во ТВ индустријата, “Samsung“ изгради целосна линија на “AI“ телевизори што нудат сосема нов начин на интеракција со телевизорот.

Во центарот на линијата на екрани е 130-инчниот Micro RGB, кој претставува огромен исчекор во размерот и квалитетот на сликата. 130-инчниот Micro RGB означува нова ера на боите, со најширокиот и најдетален спектар некогаш виден кај “Samsung“ телевизорите. Неговиот “Timeless Frame“ дизајн ги минимизира одвлекувањата на вниманието и ѝ дозволува на сликата да биде во центарот на фокусот со суптилна елеганција. Микро-голем RGB извор на светлина ја движи извонредната слика, при што секоја микроскопска црвена, зелена и сина диода свети независно за да создаде бои во нивната најчиста и најприродна форма. Micro RGB AI Engine Pro овозможува прецизна контрола на RGB боите и создава исклучително живописен квалитет на сликата во секоја сцена.
Дополнително унапредувајќи го ова искуство на гледање, “Vision AI Companion“ (VAC) користи “AI“ технологија за да работи во согласност со корисниците, како целосен придружник за забава, подобрувајќи го гледањето, јадењето и расположението, насекаде во домот. Со него, корисниците можат да добиваат препораки што да гледаат, што да јадат и каква музика да слушаат, збогатувајќи го и проширувајќи го генералното ТВ искуство далеку повеќе од обичното гледање.
Samsung нуди и интуитивни режими за персонализација на искуството на гледање. За љубителите на фудбалот, “AI Soccer Mode Pro“ обезбедува повозбудливо доживување на денот на натпреварот преку “AI“ прилагодување на сликата и звукот до ниво на стадион. “AI Sound Controller Pro“ овозможува зголемување или намалување на јачината на звукот на публиката, коментарот или позадинската музика, создавајќи персонализирано аудио искуство за ТВ емисии и филмови. Корисниците едноставно можат да упатуваат гласовни барања, а секој телевизор опремен со “VAC“,вклучувајќи Micro LED, Micro RGB, OLED, Neo QLED, Mini LED и UHD TV – контекстуално ги извршува тие барања.
Исто така, “VAC“ го подобрува целокупното животно искуство низ различни видови програми. Им овозможува на корисниците да пронајдат рецепти за јадењата што ги гледаат на ТВ со едноставно прашање и користи најнови информации за да даде препораки усогласени со здравствените и фитнес цели. “VAC“ нуди и функционалност на повеќе уреди, испраќајќи ги препорачаните рецепти директно до други уреди, како ново-претставениот “The Movingstyle“ ТВ уред, дизајниран за лесно движење низ домот и до кујнските апарати, овозможувајќи искуство со повеќе уреди преку целосна интеграција на екосистемот.
“Samsung“ е лидер на глобалниот пазар на саундбари веќе 11 години по ред. Оваа година, компанијата претставува два нови Wi-Fi звучници, “Music Studio“ 5 и 7, за понатамошно проширување на интегрираниот екосистем. Овие модели поддржуваат поширок опсег на комбинации на аудио системи, го подобруваат аудиовизуелниот квалитет и ја унапредуваат естетиката на секој простор. Секој модел споделува безвремен концепт со точки, создаден од познатиот дизајнер Ерван Бурулек (Erwan Bouroullec), инспириран од универзален симбол во музиката и уметноста и втемелен во препознатливиот дизајнерски јазик на “Samsung“.
“Samsung“ исто така претстави низа нови производи што совршено се вклопуваат во домовите и естетиката на корисниците. Новиот ултратенок OLED S95H има префинета рамка што му дава елеганција на уметничка галерија, додека новиот пренослив проектор на “Samsung“, “The Freestyle+“, е поддржан од “VAC“ и им овозможува на корисниците да прикажуваат содржина на ѕидови, тавани и нерамни површини како агли и завеси.
Линијата на ТВ уреди за 2026 година поддржува “HDR10+ ADVANCED“, нудејќи подобрена осветленост, оптимизација според жанр, интелигентно измазнување на движењето, напредно локално мапирање на тонови и подобрено гејминг искуство.
Со растечката примена на HDR10+ меѓу водечките OTT провајдери, “Samsung“ ќе биде првиот што ќе го лансира HDR10+ ADVANCED во својата линија на ТВ уреди за 2026 година. Исто така, “Samsung“ го претставува “Eclipsa Audio“, новиот просторен аудио систем на компанијата, достапен на сите телевизори за 2026 година.
