Двојни аршини: Големите светски компании во сиромашните земји носат производи со полош квалитет, отколку за богатите

Водечките прехранбени компании во сиромашните земји извезуваат производи со понизок квалитет, отколку за богатите. Ова стои во извештајот на непрофитната организација Access to Nutrition Initiative (ATNI). Здружението го оценува квалитетот на производите на компаниите како што се Нестле, ПепсиКо и Унилевер со индекс кој вклучува вредности од еден до пет поени. Најдобрата оценка е „пет“, најлошата е „еден“, а производите со рејтинг над 3,5 поени се сметаат за поздрав избор. Овој начин на оценка е според Health Star Rating развиен во Австралија и Нов Зеланд. 

Повеќе од 30 производи на компании произведени за сиромашните земји  добија полоши оценки од истите производи што се продаваат во земјите со високи приходи, открива ATNI. Во земјите со ниски приходи, производите на мултинационалните компании добија просечна оценка од 1,8, а во земјите со високи приходи, каде што беа тестирани повеќе нивни производи, во просек 2,3. 

„Сликата е многу јасна и покажува дека овие компании во најсиромашните земји во светот, каде што инаку се сè поактивни, не продаваат здрави производи“, рече Марк Вијне, директор за истражување во ATNI, во интервју за Ројтерс. 

„Тоа е повик за будење до владите на сиромашните земји да бидат внимателни“, додаде тој. 

Оваа година, здружението за прв пат  состави индекси одделно за земјите со високи и ниски приходи. Според нив индексот е важен бидејќи пакуваната храна игра сè поважна улога во кризата со дебелината која денес го зафаќа целиот свет, предупреди АТНИ. Здружението ги посочи податоците на Светската здравствена организација (СЗО), дека повеќе од една милијарда луѓе во светот живеат со дебелина. 

Светската банка проценува дека 70 отсто од дебелите или луѓето со прекумерна тежина живеат во земји со низок и среден приход. 

„Посветени сме на зголемување на продажбата на храна  со побогати хранливи вредности и кон насочување на луѓето кон поурамнотежена исхрана“, изјави портпаролот на Нестле за Ројтерс во изјавата испратена по е-пошта, додавајќи дека Нестле ги „зајакнува“ производите во земјите во развој за да ги „неутрализира“ недостатоците на хранливи материи. . 

Портпаролот на PepsiCo одби да коментира. Минатата година, тие објавија нови цели кои повикуваат на намалување на натриумот во чипсот и додавање состојки на производи како цели зрна. Најновиот извештај е објавен по тригодишна пауза.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни