Пред неколку денови во скопската Зоолошка градина угинале две лами, соопшти советник во Советот на Град Скопје.
Според првичните инфомации, ламите одреден период пројавувале симптоми на туберкулоза.
Ова е само едно од низата угинувања на животни во ЗОО Скопје, што зборува за лошите услови во кои престојуваат животните во најголемата зоолошка градина во државата.
Пред еден месец, исто така угинаа уште две лами, а тие наводно ги имале истите симптоми на туберкулоза. Во истиот период угина млада бремена мајмунка, како и Инес единствениот јагуар во Зоолошката, а на почетокот на годината угинаа пет берберски овци.
Во последните две – три години во ЗОО Скопје угинале над 40 животни од различни видови, а јавноста особено беше потресена кон крајот на минатата година кога масевно се убиваа птици низ зоолошката, поради појава на птичји грип.
Тогаш, Зоолошката градина Скопје повеќе од 20 дена беше под клуч и беа забранети секаков вид на посети.