Украина е одговорна за два акти на саботажа на руската железничка мрежа, во кои загинаа најмалку три лица, дознава денес агенцијата Франс Прес од извор во украинската воена разузнавачка служба (ГУР).
Во порака испратена до АФП, неименуван извор тврди дека ГУР, во соработка со воени единици, извршил напад во саботата во рускиот Орјолски регион и еден во недела наутро во областа на Санкт Петербург.
Руските власти претходно денес соопштија дека два воза излетале од шините рано утрово во одделни делови од западниот регион.
Машиновозачот е убиен, а железничкиот сообраќај е нарушен, изјави регионалниот гувернер.
Ова не е прва дизверзија на украинските служби кои станаа познати по диверзантските акции што го спроведуваат длабоко на руска територија.