Како резултат, ДПИ затвори два објекти во Тетово и еден во Гостивар, а ДПИ, ДЗС и УЈП најавија соодветни поднесоци против прекршителите.
МВР денеска информираше дека акцијата била спроведена од СВР Тетово и ОВР Гостивар, заедно со претставници од Управата за финансиска полиција, УЈП, Државниот пазарен инспекторат, Дирекцијата за заштита и спасување, како и градежни и комунални инспекции.
Фокусот бил ставен на спречување на криминални активности како трговија со дрога, проституција, перење пари, корупција меѓу службени лица од државни институции поврзани со нелегално работење на угостителски објекти и други противзаконски дејства.