Два месеци не работи киното „Милениум“ во ГТЦ

Киното „Милениум“ своевремено важеше за најсовремено и најголемо кино во Скопје, а со него менаџира Младинскиот културен центар

Повеќе од два месеци надвор од фунцкија е киното Милениум во скопскиот Градски трговски центар, јавува порталот СДК.

Последната објава на Киното на социјалните мрежи е на втори април и таа гласи: „Поради технички причини, Кино Милениум нема да прикажува проекции во следниот период. Штом имаме повеќе информации за повторно активирање на нашата редовна програма, веднаш ќе објавиме на нашите профили и нашата веб страна“.

Директорот на Младинскиот културен центар (МКЦ) Арбен Бени Шаќири во изјава за СДК порачал дека киното Милениум е моментално затворено поради безбедносни причини поради прокиснување на кровот на неколку места и дека тоа е проблем кој се провлекува подолго време.

„За ова се известени сите релевантни инстанци, од Управен одбор до Надзорен одбор како и Управата на ГТЦ кои се исклучиво надлежни за интервенција на тие позиции! Јас,како раководно лице не сакам да дозволам никој да настрада во киното за каков било настан и да се работи, и настојувам да се интервенира на поправка на кровот како би можеле да продолжиме со нормално функционирање на киното! Искрено се надевам дека проблемот ќе биде надминат час поскоро“, изјави Шаќири за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Киното „Милениум“ своевремено важеше за најсовремено споредено со останатите градски кина, во последните десетина години со него менаџираше Младинскиот културен центар.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни