Регионалниот гувернер Иван Федоров на својот канал на Телеграм изјави дека Русија извршила „најмалку четири напади“, најверојатно со авионски бомби, рано утринава околу 6:00 часот по локално време.
На објавените фотографии од украинските служби за вонредни ситуации се гледаат телата на жртвите и пожарникари како се борат со пожарот што го зафатил одморалиштето.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека овој напад нема воена цел, туку претставува чин на бруталност и обид да се шири страв меѓу населението.
„Воено, нападот нема значење. Целта е да се шири терор“, рече Зеленски.
Тој денеска повторно го повика Вашингтон да го зголеми притисокот врз Русија со цел да ја принуди да ја прекине инвазијата врз Украина.
Украина: N1info.rs