Државниот универзитет во Нови Пазар од денес во блокада

Според последните информации, во амфитеатарот и централниот хол на ДУНП се наоѓаат стотици студенти

Државниот универзитет во Нови Пазар (ДУНП) од денеска е во официјална студентска блокада. Околу двесте студенти се соочија со затворени врати на Универзитетот кога се обидоа да влезат, бидејќи управата не дозволи отворање на вратите.

Биљана Думиќ, шеф на кабинетот на ректорката Зана Доличанин, изјавила за медиумите дека вратите на универзитетот биле затворени затоа што е „недела и неработен ден“ и дека денес таму „не била планирана никаква активност“.

Студентите сепак успеале да ги отворат вратите и да влезат во зградата. Овој влез бил проследен со аплауз од неколку десетици граѓани кои дошле да им дадат поддршка. Граѓаните останале пред зградата, а студентите го затвориле влезот и започнала блокадата на универзитетот.Според последните информации, во амфитеатарот и централниот хол на ДУНП се наоѓаат стотици студенти.

Се шпекулира дека ректорката Доличанин му наредила на обезбедувањето да ги заклучи вратите и дека зградата ќе ја напуштат преку спореден излез.

Исто така, се шпекулира дека ректорката повикала да се пријави во полиција Давуд Делимеџа, студент од Факултетот за политички науки во Белград, затоа што тој ги отвори вратите на универзитетот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни