Државен извиднички ориентационен натпревар 2024

Во периодот од 10ти до 13ти октомври во село Буково, Битола, во атерот на манастир Свето Преображение се одржа Државниот извиднички ориентационен натпревар кој претставува најзначаен натпрварувачки настан во извидничкиот календар. Настанот е во организација на Сојуз на извидници на Македонија (СИМ) со одредот домаќин ИО „Скаут Пелистер“ – Битола. Началник на натпреварот е Виктор Димовски, додека старешина на настанот е Бобан Москов.

На ова јубилејно издание – 30 години организација на Државниот извиднички ориентационен натпревар учество земаа 150 извидници од 12 различни извиднички одреди – младински организации ширум 9 градови од државата.

Извидниците на овој натпревар се натпреваруваа во повеќе дисциплини и тоа: сигнализација со семафор, морзеова сигнализација, ориентација во природа, поставување на засолниште од материјали од природата, прва помош и заштита, цртање на извиднички материјали, извиднички јазли, изградба на патенти од природни ресурси и рециклирани материјали, полигон на спретност и други извиднички дисциплини.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни