Драматично обраќање на Зеленски: Ова се најтешките моменти во нашата историја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се обрати на граѓаните со видео-порака во која предупреди дека земјата се наоѓа во еден од најкритичните периоди од почетокот на руската инвазија. Тој истакна дека Украина се соочува со исклучително силен политички и дипломатски притисок од САД, како и со тешки одлуки што мора да се донесат во следните недели.

„Се соочуваме со избор што ќе ја одреди нашата иднина“

„Сега живееме еден од најтешките моменти во нашата историја. Украина можеби треба да направи многу тежок избор: или губење на достоинството, или ризик од губење на клучен партнер. Или тежок план со 28 точки, или исклучително сурова зима што доаѓа. Живот без слобода, достоинство и правда, и принуда да му веруваме на оној што двапати не нападна. Тие го чекаат нашиот одговор,“ изјави Зеленски.

Според него, притисокот врз Украина „во моментов е меѓу најсилните досега“.

Зеленски: „Ќе бараме решенија, но нема да дадеме повод за сомнеж“

Украинскиот лидер најави интензивни разговори со САД за изнаоѓање издржливи политички и безбедносни решенија

„Ќе водиме конструктивна потрага по решенија со САД. Ќе изнесам аргументи, ќе убедувам и ќе нудам алтернативи, но на непријателот нема да му дадеме ниту еден повод да каже дека Украина не е подготвена за мир,“ нагласи тој.

Зеленски додаде дека иако „Украинците се како челик, дури и најцврстиот метал може да попушти“, потсетувајќи дека е неопходно единство.

„Мора да делуваме како едно“

„Време е да се собереме, да престанеме со меѓусебни судири и токсични расправии. Државата мора да функционира како единствен организам. Не смееме да го изгубиме од вид кој е вистинскиот непријател,“ порача претседателот.

Се наврати и на почетокот на инвазијата: „Тогаш не ја предадовме Украина, и сега нема да ја предадеме. Знам дека народот е со мене.“

Предупредување за следната недела

Зеленски најави дека земјата ги очекува уште потежок период.

„Следната недела ќе биде тешка. Ќе има многу притисок,политички и информативен, со обиди да нѐ поделат и дестабилизираат,“ заклучи тој.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни