„Драма за принцезите“ – Драмски театар Скопје во подготовки за нова премиера

Драмски театар Скопје ја започна есенската сезона со подготовка на претставата „Драма за принцезите“, последниот проект за 2024 година, согласно Годишната програма одобрена од Министерството за култура и туризам.

Претставата се работи според текстот „Девојката и смртта (I-V)“ на австриската писателка Елфриде Јелинек, добитничка на Нобеловата награда за литература во 2004 година. Јелинек е позната по својот стил кој ги разобличува општествените стереотипи и нивната потчинувачка моќ.

Режисерката Жива Бизовичар од Словенија ја предводи продукцијата, со драматург Ник Жнидаршиќ и сценограф Јан Кремељ. Костимографијата е дело на македонскиот дизајнер Александар Ношпал. Особен предизвик во оваа претстава е концептот на Бизовичар осумте лика да бидат изведени од актерки од ансамблот на Драмски театар.

Премиерата на „Драма за принцезите“ е планирана за средината на ноември, потврдуваат од Драмски театар.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни