ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 39-годишниот С.С. од селото Десово, општина Долнени, поради сомнение за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.
Според информациите, на улицата „Карпалак“ во Прилеп полициски службеници му дале знак за запирање на патничко возило што го управувал пријавениот. Наместо да застане, тој продолжил да се движи, а во текот на бегството неговиот совозач фрлил ловечка пушка од возилото.
Пушката подоцна била пронајдена и одземена од полицијата, а против возачот е поднесена кривична пријава.