Драма во Иран: Над 500 повредени во страшна експлозија (ВИДЕО)

Локалниот функционер за управување со катастрофи, Мехрдад Хасанзаде, потврдил дека експлодирал контејнер во пристаништето Раджаи, без да наведе други детали. Иранската државна телевизија јави дека по експлозијата се урнала блиска зграда.

Бројот на повредени во експлозијата што денеска се случи во иранското пристаниште Раджаи, во близина на Бандар Абас – главниот објект за контејнерски испораки во Иран – се зголеми на 516 лица, јави иранската новинска агенција Тасним.

Експлозијата се случила во пристаништето Раджаи на југот од Иран, преку кое годишно минуваат околу 80 милиони тони (72,5 милиони метрички тони) различни видови стока, пренесува AP.

https://twitter.com/i/status/1916063449383153959

Иранските власти сè уште не го соопштиле причинителот на експлозијата, но е познато дека индустриските инциденти се чести во Иран, особено во неговите застарени нафтени постројки, кои поради меѓународните санкции тешко набавуваат потребни резервни делови, додава агенцијата.

Локалниот функционер за управување со катастрофи, Мехрдад Хасанзаде, потврдил дека експлодирал контејнер во пристаништето Раджаи, без да наведе други детали. Иранската државна телевизија јави дека по експлозијата се урнала блиска зграда.

Пристаништето Раджаи се наоѓа околу 1.050 километри југоисточно од главниот град Техеран, во Ормускиот Теснец на Персискиот Залив, низ кој поминува 20% од светската трговија со нафта.

Експлозијата се слушала низ целата иранска провинција Хормозган. Локалното население потврдило дека земјата се затресла, а детонацијата се слушнала и во блиските градови.

Бандар Абас е пристанишен град на јужниот брег на земјата, во Персискиот Залив. Градот има стратешка положба во теснецот Ормус (наспроти покраината Мусандам, Оман) и таму се наоѓа главната база на иранската морнарица.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни