Дојран обоен од позитивните вибрации на Д Фестивал

Викендов Дојран живее во ритамот на еден од најубавите фестивали во земјава. Под отворено небо над езерото, околу 20.000 посетители уживаат во Опен-ер фестивалот кој годинава нуди околу 300 учесници во музичката и во дополнителни програми кои траат без прекин, ден и ноќ. На пет сцени во кампот покрај езерото настапуваат повеќе од 50 познати домaшни и светски имиња. Во кампот е раздвижено постојано. Убави и позитивни луѓе кои викендов креираат еден поубав свет. Утринска јога, отворена берберница спремна за шишање, место за тетоважи, часови по латино танци, масажа и релаксација во Д Чаршијата.

Плоштарт зоната во еден мултимедијален формат ги собира уметниците, креативците и активистите кои споделуваат искуства од различни теми. На неколку катчиња во кампот се одржуваат работилниците на “Чудна Шума”, иновативната работилница на Еди за екосистемот на Дојран, работилници за неформална едукација, форум- театар, цртање и пеење. Тука некаде е и Арт бутикот, на Плоштарт се играат друштвените игри на Гоблин, а оние креативните ја дизајнираат својата мајца заедно со Waldos. Се читаат и стрипови и се изработуваат музички инструменти во столарската работилница на  на Дидли боѕ.

Гласни, раздвижени и спремни да запишат нови рекорди, организаторите и посетителите на фестивалот го започнуваат секое фестивалско утро.

Д како дома велат организаторите, а атмосферата е токму таква. Единствена и убава фестивалска енергија во секое катче од кампот.

Официјалното отварање на фестивалот започна со настапот на легендата на треш метал музиката „Креатор” од Германија. На фестивалските бини настапија Индира Паганото, британскиот драм- енд – бејс Рони Сајз и неповторливите “Фолтин”. Првиот фестивалски ден го одбележаа и настапите на Галоски, Страјк, ЛД Пистолеро. На останатите сцени настапуваа „Фулу Мизики“, „Даикаиџу“, „Кои-кои“, Ива Лоренс, Беседа, „Максимус Вандал“, „Алис ин Вондербенд“, „Ленхарт Тејпс“, „Хајпертек“, Дарко Степиќ, Ермилова и Настасја Киш.

Вчерашниот дожд не беше пречка за настапите на “Сигала“,  Кирил Џајковски на главната фестивалска бина, алтернативните „С.А.Р.С.“, фантастичниот рок-бенд „1000модс“ и техно-принцезата „Ксениа“, потоа „Доуп Куќата“, Смоке Мардељано, Зарина Првасевда, „REYKO“, „Xarakiri“, Мартина Пенева, Coeus, Flooder, Visionary, Charley, E.U.E.R.P.I. и „Аудио Цигла“ и секако Симон Трпчевски и „Македонисимо”.

Вечерва фестивалот се затвара во знакот на Греми номинираното италијанско трио „Мeduza“. Пред нивниот настап, ќе пеат и: дуото од златното доба на њујоршкиот хип-хоп „Onyx“, српската раперка Мими Мерцедез, домашните хардкор легенди „Smut“. Тука на сцената ќе бидат и: „Funk Shui“, „Паркети“, Алина Паш, „Баклава“, „Peach Vice“, „С.А.М.“ „Димиш“, „Basement Cult“, „Red18“, Миа Перевска, „Аудио-Цигла“, „Bon Praskiza“, „Matej Foltz“, „Princess Donatsu“,„Flexify“, „Bullz“, „Ogipsilon“, „Shorty P“ и „Irie Scratch“.

Д фестивал и оваа година креираше една нова перспектива на уживањето во добра музика. Создаде како што велат организаторите, уште еден фестивал кој ја слави индивидуалноста и самоизразувањето и притоа промовира културно разбирање и едно поинакво, потолерантно општество.

Фестивал кој го промивира градот до скоро помалку заборавен, единствената природа на овој регион, езерото со сета негова убавина и една убава енергија на младите од земјава и регионот, сето тоа во комбинација со одлична музика и неповторлива енергија.

Викендов Д фестивал беше звукот на Македонија. И тоа најубавиот звук што може да се слушне деновиве.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни