Германската државна железничка компанија Дојче Бан мораше да исплати речиси 200 милиони евра на патниците како отштета за откажани и доцнети возови во 2024 година, јавува Bild.
Во споредба, во 2023 година оваа сума изнесувала 132 милиони евра. Вкупно биле поднесени 6,9 милиони барања за отштета, а Дојче Бан исплатил 196,8 милиони евра.
Главниот проблем за доцнењата е застарената железничка мрежа, која треба темелно да се реновира. Доколку новата голема коалиција даде зелено светло, реновирањето ќе се финансира преку специјален фонд од 400 милијарди евра.
До 2030 година, Дојче Бан планира месечни затворања на 40 клучни делови од мрежата, кои ќе бидат темелно обновени. Во рамките на генералното реновирање, истовремено ќе бидат модернизирани колосеците, надземните водови и железничките станици на главните правци.
Брза исплата на отштетите преку дигитализација
Благодарение на дигитализацијата, исплатата на надоместоците сега се врши многу побрзо. Половина од сите барања се обработуваат во рок од два дена, по што парите веднаш се префрлаат на сметката на патникот.
Според правилата:
✅ Ако возот доцни 60 минути или повеќе, патниците добиваат 25% поврат на платената сума за билет.
✅ Ако доцнењето е 120 минути или повеќе, патниците добиваат 50% поврат на сумата за билет.
O
Search
Reason