Внимание: Би го донирале ли мозокот за научни цели?

Во најновата анкета на „Внимание“ ги прашавме граѓаните што мислат за случајот со извезување на ткива од мозоци од Македонија. Еве што ни кажаа: „Немам коментар, се може да се очекува“, „ме ужаснува фактот што тоа се случило, особено заради тоа што станува збор за таква ранлива група на луѓе“, „не треба толку многу години да се чека, да се излезе во јавност“, „многу лоши работи се случуваат во државава, и како што иде е се позастрашувачки“, „јас не можам да поверувам дека нешто било правено надвор од процедурите“, „тоа сигурно се правело на црно…“.


Ги прашавме и: „Дали ако вам ви понудат да го сочуваат мозокот за научни цели, каков одговор ќе им дадете?“ – „Може… нема да мислам ништо тогаш…“, „Па, искрено, нека го земат за научни истражувања, тогаш мислам дека не би ми сметало…“, „Не, од религиски причини“, „Да се спаси човек, да, да се дава мозок за научни цели да профитира некој, тоа е веќе друга работа“, „доколку некој има профит од тоа не би сакала во никој случај…“, „Не би, не ми е сигурно“, „Ни со животинки, ни со луѓе – НЕ! Не е човечки, не е хумано, не е нормално!“

На крај, ги прашавме и кој човек или која жена го поседува најпаметниот мозок во Македонија: „Тој што ми беше професор по економија“, „Не ми доаѓа никој на памет“, „Нема таков, во Македонија нема интелектуалци, ако завршило на УКИМ, тоа е неписмено“, „професорката по предметот Академско пишување и аргументирање… од катедрата на филозофија“, „јас, мојот мозок е најубавото нешто што го поседувам“, „кого и да кажам – ќе згрешам“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни