Американскиот претседател Доналд Трамп повторно упати остри закани кон Иран, наведувајќи дека САД се подготвени да ја нападнат неговата енергетска инфраструктура доколку не дојде до договор за завршување на конфликтот на Блискиот Исток.
Во интервју за Fox News, Трамп изјави дека „би можел да го уништи Иран за еден ден, па дури и за еден час“.
Можни цели: енергија и индустрија
Тој посочи дека потенцијалните цели би ги вклучувале целата енергетска инфраструктура, сите фабрики и електрани и клучни индустриски објекти.
Според него, ваков удар би бил „значаен“ за иранската држава.
Последната рунда преговори меѓу САД и Иран, одржана во Пакистан, заврши без конкретен договор за прекин на непријателствата, по што останува неизвесно што ќе се случи по истекот на привременото примирје.