Доналд Трамп: „НАТО е ужасен, ако сакаат нафта – нека дојдат и ја земат“

Изјава на Доналд Трамп предизвика реакции откако го критикуваше НАТО и повика земјите сами да дејствуваат околу нафтата и кризата во Ормускиот теснец.

Дописничката на CBS News од Белата куќа, Вејџија Џианг, побара појаснување од претседателот на САД Доналд Трамп за неговата објава на социјалните мрежи, во која навести дека би можел да се откаже од обидите да изврши притисок врз Иран да го отвори Ормуски теснец.

Трамп повторно изрази незадоволство што други земји не испратиле воени сили за да се приклучат на американско-израелските активности против Иран, но нагласи дека засега не планира повлекување на американските сили од регионот.

„Време е самите да направите нешто“

„Во одреден момент ќе го направам тоа, но не уште. Другите земји мора да дојдат и да го преземат својот дел од работата. Иран е разорен, но и тие мора да го направат својот дел“, изјави Трамп.

Тој додаде дека, и покрај нападите врз бродови и инфраструктура во Персискиот Залив, „нема реална закана“ во Ормускиот теснец.

„Ако имаат проблем со снабдување со нафта, нека дојдат и нека ја земат како што треба. НАТО е ужасен, сите се ужасни. Ако сакаат нафта – нека дојдат и нека ја земат. Не постои реална закана… време е самите да направат нешто“, изјави Трамп.

Објава на Truth Social

Трамп претходно на платформата Truth Social ги повика земјите кои не учествувале во операциите да купуваат американска нафта и да „одат во Ормускиот теснец и едноставно да го земат“.

Тој посочи дека Обединето Кралство и Франција не биле доволно ангажирани во конфликтот, што, според него, влијаело врз глобалните енергетски пазари.

„Сите тие земји што не можат да набават авионско гориво поради Ормускиот теснец, како Обединетото Кралство кое одби да учествува, имам предлог: купувајте од САД – имаме доволно. И второ, соберете малку храброст и одете таму и едноставно земете го“, напиша Трамп.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни