Македонското концерт-дело „Дон Кихот во Скопје“ од Дијана Имери Илкоска и Дино Имери имаше блескава француска премиера на 30 ноември во париската црква „Petite Etoile“, каде што беше дочекано со бурни овации и видлива возбуда од публиката.
Настапот, пренесува Frontline.mk, оставил силен впечаток: публиката неколку пати ги враќала музичарите на сцената со долги аплаузи и ентузијастички реакции. Делото, кое годинава имаше и своја премиера во Скопје, продолжува да го гради својот меѓународен пат со особено позитивен прием во Франција.
Овој настап е значајна потврда за авторскиот дуо Имери–Имери и за македонската современа музичка сцена, која сè почесто добива простор на европските сцени со оригинални дела и нови интерпретации на класичната форма.
