Договорот од Аљаска предвидува: Украина да се откаже од Крим и НАТО, а источните окупирани територии остануваат во границите со посебен статус

Доналд Трамп доцна синоќа објави дека Зеленски, „може да ја заврши војната со Русија речиси веднаш“, ако ја отфрли идејата Украина да се приклучи на НАТО и да го врати Кримскиот полуостров анектиран во 2014 година
epa12303747 Russian President Vladimir Putin (L) and US President Donald Trump shake hands at the end of a joint news conference following their meeting at Joint Base Elmendorf-Richardson in Anchorage, Alaska, USA, 15 August 2025. EPA/SERGEY BOBYLEV/SPUTNIK/KREMLIN POOL / POOL MANDATORY CREDIT

Откако американскиот претседател Доналд Трамп доцна синоќа објави дека Зеленски, „може да ја заврши војната со Русија речиси веднаш“, ако ја отфрли идејата Украина да се приклучи на НАТО и да го врати Кримскиот полуостров анектиран во 2014 година како нереални, се поставија многу прашања за навестувањето за суштината на она што е договорено во Алјаска.

„Се сеќавате како започна. Нема враќање на Обама со оглед на Крим (пред 12 години, без да се испука ниту еден куршум!), и нема влегување во НАТО од страна на Украина“, напиша ток на неговата социјална мрежа.

Ова го поставува прашањето што е со источните провинции на Украина, Луганск, Донецк, Запорожје и Херсон, окупирани од Русија кои Путин ги прогласи за руски?

Дали е тоа дилот за ставање крај на војната?Како што е познато, Украина неодамна го реафирмираше ставот дека нема да ги признае териториите окупирани од Русија, а Москва не планира да се повлече од овие области.

Тоа истакнува уште едно прашање предвид: Дали во договорот за мир за овие територии ќе се разговара на зелената маса со цел да добијат статус што ќе биде прифатлив за Кремљ за да го оправда фактот дека војната, меѓу другото, ја започна, наводно, за да го заштити руското население кое е во мнозинство во овие региони.

Од друга страна украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска напиша на Твитер дека пристигнал во Вашингтон пред неговата посета на Белата куќа и изрази „силна желба брзо и сигурно да се заврши оваа војна“, објави АФП.

„И мирот мора да биде траен. Не како пред години, кога Украина беше принудена да се откаже од Крим и дел од нашата источна територија – дел од Донбас – а Путин едноставно го искористи како појдовна точка за нов напад.

Или кога на Украина ѝ беа дадени таканаречени „безбедносни гаранции“ во 1994 година, но тие не функционираа“, напиша украинскиот лидер.

Кога станува збор за безбедносните гаранции, Путин на прес конференцијата во Алјаска рече дека тие се подготвени да го разгледаат и ова прашање.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни