Доделени наградите за најдобрите на конкурсот „Читањето е супермоќ“ 2025 

На конкурсот, што траеше од 2 април до 2 јуни 2025 година, пристигнаа 205 литературни и 280 ликовни творби од ученици и деца од градинки

На литературно-музички хепенинг, во присуство на многубројни деца и нивните родители, во неделата (1 јуни), во „Ист гејт мол” во Скопје беа доделени наградите за најдобрите учесници на конкурсот „Читањето е супермоќ” 2025, во организација на издавачката куќа „Арс Ламина”.

На завршниот настан на истоимената кампања, за оваа учебна година, настапија талентираните дечиња од градинките „Весели цветови” (објект „Кокиче”) и „Срничка”, учениците од ОУ „Љубен Лапе” (1 одд.) и од ОУ „Браќа Миладиновци” (2 одд.), како и шампионите во танц – „Денсерс јунајтед”. Настанот, кој беше во организација на издавачката куќа „Арс Ламина”, во соработка со „Ист гејт мол” и „Литература.мк”, заврши со детската театарска претстава „Рибарот и златната рипка”.

На конкурсот, што траеше од 2 април до 2 јуни 2025 година, пристигнаа 205 литературни и 280 ликовни творби од ученици од прво до деветто одделение, како и од деца од предучилишна возраст.
За најдобрите творби одлучуваше стручно жири. Творбите од децата од градинките ги оценуваше комисија во состав: Билјана Лотеска (воспитувачка и авторка на книги за деца), Цветанка Стоилова (уредничка на списанието „Ѕвезди”), Марија Богоеска-Созданоска (уредничка на изданија за предучилишна возраст во „Арс Ламина”). Ликовните творби на учениците од основните училишта ги оценуваа: Наталија Лукомска (илустраторка), Калиопи Трпчева (сликарка и илустраторка) и Анета Илиевска (графичка дизајнерка и илустраторка). Жирито за литературните творби беше составено од: Владанка Д. Урошева (одделенска наставничка), Викторија Мирческа-Стојческа (лекторка и основачка на Школа за брзо читање и мудро учење), Маја Трајковиќ (библиотекарка во ОУ „Невена Георгиева-Дуња”, Скопје) и Бисера Бендевска (уредничка на детска литература во „Арс Ламина”).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни