Додека власта не научи српски, студентите остануваат во блокада!

Студентите денес ќе ја посетат јавната обвинителка, Загорка Доловец, и ќе ја повикаат да постапува согласно законот. Најавено е дека ќе ѝ предадат 1000 писма. Доловец ќе има четиво за празниците, а студентите најавуваат дека Нова година и Божиќ ќе ги поминат на факултетите и во блокади.

Властите првично тврдеа дека сите барања на студентите се исполнети, а по настанот на Славија изјавија дека нивните барања не се јасни. Студентите велат дека сè им е јасно, освен фактот зошто за нивните барања продолжуваат да зборуваат оние на кои не им се обраќаат? Одговорите ги очекуваат од оние на кои им ги упатиле барањата, а првата станица е јавната обвинителка.

Студентите и понатаму спијат на факултетите и го поминуваат времето во блокади. Универзитетите во Белград, Нови Сад и Ниш се и натаму блокирани. На Славија студентите покажаа колку се решителни и испратија порака дека само што започнале со протестите.

Меѓутоа, властите и понатаму го нарекуваат ова политички протести, ги извртуваат работите и наводно не ги разбираат.

Студентите повторно истакнуваат – барањата се исти веќе еден месец и не се исполнети.

„Не знам дали нашиот премиер зборува српски, па ќе ги повториме на српски, во надеж дека ќе разбере. Првото барање е да се открие документацијата поврзана со надстрешницата, но не онаа која поминала пет рецензии, за да се сокрие степенот на корупција, туку вистинската документација. Второто барање е да се ослободат студентите, да се процесуираат луѓето кои ги тепале студентите пред ФДУ. Четвртото барање е да се разрешат ако се на јавни функции, што и биле. Петтото е да се зголемат средствата за факултетите за 20 проценти“, вели студентот од ЕТФ, Алексa Алагиќ.

Тој порачува дека студентите останувамаат во блокада. Ќе го блокираат градот на 15 минути. Студентите не обрнуваат внимание на бројните пораки, особено од претседателот на Србија, и трпеливо чекаат одговори од институциите. За сега, поддршка од професорите имаат.

„Што се однесува до барањата, тука нема ништо нејасно, нема ништо недоречено. Тие барања се многу јасни, кој сака да ги разбере, лесно може да ги разбере. А начинот на комуникација во политиката има свои стратешки цели и тој, како што велат аналитичарите, се обраќа на своето избирачко тело“, смета професорката на ФДУ, Ана Мартиноли.

Студентите денес ќе ја посетат јавната обвинителка, Загорка Доловец, и ќе ја повикаат да постапува согласно законот. Најавено е дека ќе ѝ предадат 1000 писма. Доловец ќе има четиво за празниците, а студентите најавуваат дека Нова година и Божиќ ќе ги поминат на факултетите и во блокади.

Прeвзeмено од N1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни