Високиот крвен притисок е последица на нездраво хранење, нездрави навики како пушењето цигари и пиењето алкохол, како и од недоволно физичка активност. Сепак, за нормализирање на притисокот не треба само да се откажете од некои работи, туку и да прифатите нови во кои ќе можете да уживате.
Чоколадото го намалува крвниот притисок, а познато е и дека една коцка чоколадо на ден, може да го смали ризикот од заболување од некоја кардиоваскуларна болест за 20%. За подобар ефект одберете што потемно чоколадо, кое содржи повеќе антиоксиданти и помалку шеќер.
Сексот е еден од најдобрите начини да го подобрите крвниот притисок. Редовните сексуални активности, најмалку 2 пати неделно, го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести за 65%. Докажано е дека сексот не само што го подобрува крвниот притисок, туку и благодарение на окситоцинот, хормон кој се ослободува за време на сексот, вашиот крвен притисок ќе се намали за само три месеци.
Музиката е совршениот начин за опуштање на артериите. Мелодичните ноти во комбинација со вежби за дишење за само половина час дневно може да го намалат вашиот крвен притисок за само неколку месеци, покажале истражувањата.
Во борба против уморот
Американски експерти откриваат кои продукти нè прават уморни, а кои ни даваат сила и енергија. Според нив, за да го елиминираме лошото чувство, во секојдневната исхрана треба да вклучиме овесни снегулки (особено наутро), јаткасти плодови (ореви, ф’стаци, бадеми и сл.), семиња и обезмастено кисело млеко.
Исто така, и продуктите полни со железо имаат стимулирачки ефект врз организмот. Такви се јаболката, гравот, спанаќот и леќата.
Слатките задоволства и алкохолот пак, имаат спротивен ефект – предизвикуваат сонливост и чувство на исцрпеност. Меѓу производите кои нè прават уморни и треба да ги избегнуваме се и тестенините и мисиркиното месо (заради присуството на специфичен протеин во него, кој има претерано релаксирачки ефект).
Овој список со храна која треба да ја внесете, односно да ја отфрлите од секојдневието, е корисен и за оние што страдаат од несоница или едноставно сакаат да останат ведри и свежи во текот на целиот ден.
Извор: lepotaizdravje.rs