Дискотеката “Пулс” имала само еден влез и немало протокол за излез, коментираат дел од семејствата кои не сакаат да зборуваат пред камера.
Додека се повикувало за излез дел од нив не ги чуле апелите, а пожарот се раширил брзо и го зел животот на повеќе од 50 присутни.
На концертот кој започна на полноќ во неделата присуствуваа млади луѓе и малолетници.
Повредените се пренесени или во локалната болница во Кочани или во Штип, на 30-тина километри јужно од градот.
Локалните медиуми шпекулираат дека пожарот најверојатно бил предизвикан од употреба на пиротехнички средства.
превземено од Рацин.мк