Директорката на Берлинале ќе остане на чело откако го прифати Кодексот за однесување против антисемитизмот

По контроверзии поврзани со реакции на сцената на фестивалот, раководството одлучи да прифати нови услови, вклучувајќи кодекс што ги опфаќа антисемитизмот и бара потписи од учесниците.

Директорката на БерлиналеТриша Татл, ќе ја задржи својата функција во Берлинале откако согласила да прифати нов Кодекс за однесување кој меѓу другото вклучува строги правила против антисемитизмот. 

Според германските медиуми, Министерството за култура на Германија не успеало да најде договор за нејзиниот заминување, па наместо тоа Татл останува на чело, но со обврска новиот кодекс да биде применуван од сите учесници на фестивалот. Кодексот содржи „табу против антисемитизмот“ што треба да важи за сите присутни и учесници. 

Татл се најде под критики по контроверзни моменти на фестивалот, вклучително и изјави и реакции на сцена што ги предизвикаа политички и јавни реакции, како и дебати за улогата на уметноста и слободата на изразување во време на глобални конфликти. Поддршка за директорката стигна и од дел од филмската заедница и професионалци, кои бараа нејзина институционална независност. 

Со оваа одлука, фестивалот се обидува да ја заштити својата репутација и да воспостави јасни правила за однесување што ја штитат целината на настанот, како и безбедноста и достоинството на учесниците и гледачите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни