Дино и Ади Имери во РеТрн: Браќа што ја движат музичката сцена

Нова епизода на РеТрн!
Овој пат ни гостуваат браќата Дино и Ади Имери – двајца врвни музичари, секој со свој свет, свој ритам и своја публика.

Едниот – светски признат македонски пијанист, кој шета по светските сцени и држи лекции како се свири класична музика на највисоко ниво.
Другиот – , длабоко вкоренет во алтернативната и џез сцената, препознатлив по својот став и звук.

Ништо нескромно ако кажеме дека се едни од најдобрите музичари кај нас.
Двигатели на класиката, џезот и алтернативната музика, професори кои студентите ги обожуваат – и луѓе кои оставиле трага и на сцена и надвор од неа.

Додека Дино патува од концерт во концерт и го претставува македонскиот талент низ светот, Ади останува цврсто на урбаната сцена – работи како продуцент, композитор за театар, ТВ и филм.

Дино и Ади Имери во РеТрн – епизода што се слуша со внимание.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни