Во соработка со Министерството за култура создаден е проектот „Дигитална библиотека на Институтот за македонска литература“, инаку издание на Јавната научна установа-Иститут за македонска литература.
„Нашите заложби за афирмација и унапредување на македонскиот јазик ја следат важноста на дигитална ера. Литературата е значаен дел од нашето културно наследство, за кое се грижиме како ќе го оставиме на младите генерации“ , велат од Министерството за култура.