Имено, таа за една година заработила дури 43 милиони долари со помош на платформата OnlyFans.
Таа на социјалните мрежи објави дека еден од нејзините следбеници на страницата 18+ потрошил повеќе од 4,7 милиони долари на неа во изминатите 12 месеци.
Таа му се заблагодари на тој човек што бил со неа од самиот почеток. Таа не го откри идентитетот на мажот, но се знае дека се вика Чарли.
По оваа објава никому не му беше јасно дека некој решил да потроши толкава сума на девојка од OnlyFans.
„Навистина ми е жал за него затоа што мора да мисли дека има шанса со тебе“, „Момчето потроши 4,7 милиони долари на просечна содржина“, „Даде толку многу пари и нема да има ништо со неа“, „Што станаа мажите“ „Трошиш 4,7 милиони и ништо не добиваш“, „Мажите одеа во војна, а сега…“, се само дел од коментарите.
Иако се соблекува за OnlyFans, Софи тврди дека се уште е девица и дека е посветена христијанка.
„Јас сум девица. Сè уште сум девица“, рече таа во интервју.
„Јас сум христијанка. Знам дека изгледа чудно со оглед на тоа што го работам, но не правам ништо друго со никого на OnlyFans”, рекла Софи и додала дека сè уште ја чека вистинската личност со која ќе го помине животот.
Додека некои обожаватели ја фалат по овие изјави, други се прашуваат дали нејзините тврдења за невиност се дел од маркетинг стратегија.
Покрај тоа што е популарна на OnlyFans, Софи има и над девет милиони следбеници на TikTok. Нејзиното најпопуларно видео TikTok, во кое танцува на хитот Wop на J. Dash, собра 99 милиони прегледи.
Популарноста на социјалните мрежи, вели таа, и помогнала да го промени животот на своето семејство. Таа користела дел од заработката за да ги подмири даночните долгови на родителите.
„Сега моите родители не мора да живеат од плата до плата“, вели таа.