Фестивал ,,Друга приказна”

Десет талентирани автори наградени на книжевниот конкурс на тема „Туѓо тело“

,,Со оглед дека добивме мошне квалитетни дела, решивме да направиме мала антологија на темата Туѓо тело, која ќе ја промовираме на фестивалот Друга приказна во петок на 30 август во кафето Станица”

На конкурсот на Окно за микро приказна или песна на тема ,,Туѓо тело”, од пристигнати 150 творби од 60 автор(к)и, наместо три или пет награди, заради воедначеноста на трудовите се доделени 10 рамноправни награди во вкупна вредност од 10.000 денари.

Наградени се следниве автор(к)и): Ана Мрак, Анета Попова, Билјана Ѓонеска, Будимка Поповска, Габриела Стојаноска-Станоеска, Добрин Коцев, Евдокија Заркова Иванова, Филипа Попова, Стефан Алијевиќ и Иван Шопов.

Владимир Лукаш

Автор(к)ите книгите во вредност од 1000 денари можат да ги подигнат на фестивалот ,,Друга приказна”, во кафето Станица, од овој викенд од 30 август до 1 септември.

,,Со оглед дека добивме мошне квалитетни дела, решивме да направиме мала антологија на темата Туѓо тело, која ќе ја промовираме на фестивалот ,,Друга приказна” во петок на 30 август во кафето Станица” велат од Окно.

Освен наградените, во малата книга ќе бидат застапени следниве автор(к)и: Весна Ацевска, Љубица Шопова, Марина Икономова Шокева, Моника Колева, Јулијана Младеновска-Тешија, Милена Сиљаноска, Марио Стојаноски, Ѓорѓи Крстевски, Тони Попов, Анастасија Марковска, Емилија Матаничкова, Виктор Алексовски, Зоран Радически, Трајко Јотов, Наташа Трајковска, Бјанка Станковиќ и Саша Станишиќ.

Еве ги и имињата на другите автор(к)и кои ги испратиле своите раскази и песни на конкурсот. Барем десетина од нив, велат организаторите на конкурсот, заслужија да влезат во малата антологија, но од технички причини, за жал, овојпат не влегоа:Амаре, Ана Чушкова, Бјанка Станковиќ, Билјана Дејановска, Васја Мицковски, Владо Поповски, Габриела Станоевска, Дејан Крстески, Елена Соколоска, Елена Петрова, Емилија Гиноска, Емануела Ковачевска Китановска, Иван Русјаков, ИП, Јордан Николов, Кирил Зарински, Кристијан Фидановски, Маја Мојсова, Марија Светозаревиќ, Марио Стојаноски, Миле Митев, Милена Неделковска, Моника Стојановска, Надица Тренчева, Наташа Брезовска-Богоевска, Наташа Трајковска, Мена Месечева, Славица Милева, Станка Бајлозова-Барламова, Стефан Котевски, Тања Јовевска, Фросина Соколоска и Vian Gray.

Владимир Лукаш

,,На сите автори искрено им благодариме на учеството. Навистина направија настан од овој конкурс, за кој скромно мислевме дека ќе добиеме педесетина дела од дваесетина автор(к)и. Нашите очекувања трикратно беа надминати, по заслуга на вредните и талентирани писател(к)и. Квалитативното ниво на делата исто така е на високо рамниште зашто речиси две третини од делата заслужуваат објавување”, велат од Окно.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни