Десет години „Друга приказна“

„Друга приказна“ е регионален книжевен фестивал (за мали фикции). Првото издание беше од 28 до 30 јуни 2016 во Мобилната галерија во Паркот на франкофонијата во Скопје.

„Друга приказна“ е регионален книжевен фестивал (за мали фикции). Првото издание беше од 28 до 30 јуни 2016 во Мобилната галерија во Паркот на франкофонијата во Скопје. Главната тема беше Книжевноста и активизмот. Учествуваа педесетина луѓе, од кои петнаесетина од регионот.

Цели на фестивалот се: популаризација на книжевноста; преиспитување на улогата на книжевноста во општеството; преиспитување на жанровските граници, на релациите меѓу „популарното“ и „елитното“, „високото“ и „ниското“, ангажираното и ескапистичкото; преиспитување на улогата на писателот во новите локални и глобални контексти; осмислување и практикување на нови стратегии за културни поврзувања и локално и регионално и глобално; вмрежување на македонските автори и искуства во регионален контекст; збогатување на скопската културна понуда…

Поднасловот на фестивалот, „мали фикции“, значи дека примарен интерес се малите книжевни форми, згодни за јавно и сценско споделување. Но, тука се и хибридните книжевни форми, местата каде што книжевноста се среќава со музиката, графиката, медиумите, естрадата, теоријата…

Десетте добитници на главната награда на фестивалот се: Давид Албахари, Влада Урошевиќ, Оља Савичевиќ Иванчевиќ, Ненад Величковиќ, Јана Бауер, Георги Господинов, Дубравка Угрешиќ, Синиша Туциќ, Семездин Мехмединовиќ и Светлана Слапшак.

Десетте главни теми на Друга приказна од 2016 до 2025 беа: Книжевноста и активизмот; Слобода, Љубов, Сон; Идентитетот како претстава; На маргините; Грозовилата во страшната шума; Сликовници (Сликата е нема песна, а песната е слепа слика); Нова писменост; Попреченост; 30 години Маргина, 15 години Окно; 10 години Друга приказна, 20 години Новите!

Наградите за лауреатите, необични уметнички дела, досега ги правеа следниве уметници: Биљана Клекачкоска, Ненад Тонкин, Милица Дукиќ и Вана Урошевиќ.

Фестивалот се одржуваше во десетина простори во Скопје: Мобилната галерија во Паркот на франкофонијата (2016), Музејот на современа уметност (2027, 2018), Младинскиот културен центар (2019), МКЦ (2020), Пионерски дом Карпош (2021), МКЦ и Сули Ан (2022), МКЦ и Бруталиск (2023), Кафе Станица, Културниот центар Јадро и Ла Кања (2024) и КЦ Јадро (2025).

На досегашните изданија директно учествувале над 500 луѓе. Се разбира, многу луѓе учествувале на по неколку фестивалски изданија, но просечниот број луѓе директно вклучени во секое издание е околу 50 (странски и домашни гости, логистика, организација…) На фестивалот досега гостувале околу 120 луѓе од странство и повеќе од 200 луѓе од Македонија.

Буџетот на Друга приказна се движел од 2000 до 6000 евра (слични книжевни фестивали во регионот се организираат со над 10.000 евра буџет, а некои имаат и неколку десетици илјади евра). Најголемиот донатор и помагач на Друга приказна е Илија Илоски, единствен кој го помага фестивалот десет години. Втор значаен донатор е регионалната мрежа ТРАДУКИ која седум пати го помогна фестивалот со суми од две до три илјади евра. Македонското Министерството за култура го помогна фестивалот четири пати, со скромни суми.

Најмногу публика на Друга приказна привлекуваше книжевниот натпревар со мали фикции „Овде паѓаат крупни зборови“.

Списанието Маргина е поврзано со Друга приказна од 2019.
Порталот Окно е своевидна архива на Друга приказна; таму има над триста прилози под различни тагови/означувачи (Друга приказна, Друга приказна #1, Друга приказна 018 итн.) поврзани со досегашните изданија.

Сите плакати и целиот дизајн на многубројните книги и материјали (програми, банери, гифови, клипчиња итн.) од почетокот до денес ги работеше студиото за графички дизајн КОМА.

УЧЕСНИЦИТЕ, 2016-2025 

2016

Давид Албахари, Драган Протиќ, Драгана Младеновиќ, Слободан Бубњевиќ, Бојан Бабиќ, Јасна Димитријевиќ, Срѓан Тешин, Теа Тулиќ, Асја Бакиќ, Терезија Мора, Петар Денчев, Милена Илиќ, Милан Ѓурчинов, Лилјана Дирјан, Владимир Лукаш, Ѓорѓи Крстевски, Бранко Тричковски, Емил Алексиев, Југослав Петровски, Марта Маркоска, Ѓоко Здравески, Сања Михајловиќ Костадиновска, Румена Бужаровска, Оливера Ќорвезироска, Калина Малеска, Елизабета Шелева, Горан Петревски, Рамадан Рамадани, Јасна Котеска, Ирена Цветковиќ, Луми Бекири, Дарко Лешоски, Бобан Карапејовски, Кристина Леловац, Иван Додовски, Искра Гешоска, Роберт Алаѓозовски, Ѓорѓе Јовановиќ, Владимир Лукаш, Телемама (Драгана Заревска)…

Тим: Никола Гелевски, Иван Шопов, Јана Коцевска, Никола Писарев, Грација Атанасовска, Ана Кнежевиќ, Ванчо Џамбаски…

2017

Влада Урошевиќ, Јасна Жмак, Теа Тулиќ, Уршка Стерле, Миклавж Комељ, Вуле Журиќ, Томислав Вречар, Петар Матовиќ, Неџад Ибрахимовиќ, Станимир Панајотов, Дејан Илиќ, Билјана Клекачкоска, Владимир Јанковски, Искра Гешоска, Мариглен Демири, Лидија Капушевска-Дракулевска, Оливера Ќорвезировска, Иван Додовски, Ѓорѓе Јовановиќ, Биљана Гинова, Ѓоко Здравески, Сања Михајловиќ Костадиновска, Владимир Лукаш, Ѓорѓи Крстевски, Живко Грозданоски, Сашо Стефановски (Џанго Помалиот), Калина Малеска, Рамадан Рамадани, Ана Стојаноска, Стефан Марковски, Ѕвездан Георгиевски, Александар Маџаровски, Драгана Евтимова, Ермис Лафазановски, Будимка Поповска, Жарко Трајаноски…

Тим: Никола Гелевски, Иван Шопов, Калиа Димитрова, Фросина Крушкаровска, Мања Величковска, Марија Бошковска, Ивана Смилевска, Кико Тодоровски, Ванчо Џамбаски…

2018

Оља Савичевиќ Иванчевиќ, Сибила Петлевски, Марко Погачар, Енес Халиловиќ, Драган Протиќ, Биљана Космогина, Ѓорѓе Јовановиќ, Славимир Панајотов, Петра Митиќ, Иван Димитров, Шпетим Селмани, Стефан Бошковиќ, Радмила Лазиќ, Даница Вукиќевиќ, Инга Жолуде, Тања Ступар-Трифуновиќ, Дејан Илиќ, Стефан ТиЌми (Митиќ), Тања Ступар-Трифуновиќ, Димитрие Дурацовски, Кирчо Арсовски, Владимир Мартиновски, Славчо Димитров, Ирена Цветковиќ, Ѓоко Здравески, Артан Садику, Оливера Ќорвезироска, Владимир Јанковски, Владимир Милчин, Владимир Лукаш, Исток Улчар, Ивана Харикли, Ѕвездан Георгиевски, Ненад Јолдески, Сања Михајловиќ Костадиновска, Иво Петровски, Зоки Спијач, Далибор Плечиќ, ЕПП (група од Белград), Звук Караџиќ (група од Скопје), Јордан Костов, Роман Столијар, Драги Неделчевски…

Тим: Никола Гелевски, Иван Шопов, Калиа Димитрова, Фросина Крушкаровска, Изабела Јакимова, Енџи Николоска, Тијана-Ана Спасовска, Кико Тодоровски, Ванчо Џамбаски, Јелена Белиќ…

2019

Ненад Величковиќ, Енес Куртовиќ, Лана Басташиќ, Андреј Блатник, Сузана Тратник, Луиза Бухарова, Ана Марија Грбиќ, Дејан Алексиќ, Драган Протиќ, Саша Ќириќ, Станислава Бараќ, Дејан Илиќ, Иван Димитров, Тристан Халилај, Нора Ислами, Ана Недељковиќ, Денеш Крушовски, Сенка Домановиќ, Ѕвездан Георгиевски, Владимир Лукаш, Ненад Јолдески, Билјана Црвенковска, Живко Грозданоски, Саша Станишиќ, Гето Руди, Горазд Китановски, Тихомир Диковски, Линдита Кадриу, Алек Букарски, Тихомир Диковски, Душко Крстевски, Ѓоко Здравески, Владимир Јанковски, Искра Гешоска, Владимир Мартиновски, Магдалена Хорват, Оливера Ќорвезироска, Синоличка Трпкова, Владимир Јанчевски, Мариглен Демири, Анaстас Вангели, Жарко Трајаноски, Сеад Џигал, Ненад Тонкин, Румена Бужаровска, Стефан Сидовски – Сидо (1946-2019), Волтер Мани Ал Хаким (група од Скопје), Свирачиња (група од Скопје), Ах Ахилеј (група од Белград)…

Тим: Никола Гелевски, Фросина Крушкаровска, Ѓоко Здравески, Андреј Јованчевски, Тијана-Ана Спасовска, Јелена Белиќ, Небојша Гелевски…

2020

Јана Бауер, Ана Христова, Ива Дамјановски, Долорес Поповиќ, Хана Корнети, Јоана Ристеска, Ненад Тонкин, Џијан Емин, Ѓорѓи Шаревски, Ѓорѓе Јовановиќ, Ивана Харикли, Сашко Костов, Олег Костов, Исак Хаџиќ, Теа Шалдева, Кети Талевска, Николина Андова Шопова, Калина Малеска, Владимир Лукаш, Владимир Мартиновски, Петар Андоновски, Живко Грозданоски, Билјана Црвенковска, Снежана Стојчевска, Д. А. Лори, Ана Аврамовска, Николинка Ќорвезироска, Катерина Трајановска, Ана Голејшка Џикова, Ѓоко Здравески, Ања Мицкоска, Ване Костуранов, Билјана Црвенковска, Марија Тодорова, Искра Димковска, Симона Спировска, Сања Георгиева, Нела Витошевиќ, Ивана Павлаковиќ, Драгана Лошкова, Исмет Шабановиќ, Никола Настоски, Театар на сенки (Скопје)…

Тим: Никола Гелевски, Фросина Крушкаровска, Доротеј Нешовски, Ѓорѓе Јовановиќ, Јелена Белиќ, Небојша Гелевски…

2021

Георги Господинов, Срѓан Јаниќиевиќ, Исток Улчар, Амернис Нокшиќи, Драгана Костадиновска, Ангела Стојановска, Јана Јакимовска, Ѓорѓе Јовановиќ, Ана Голејшка Џикова, Софија Семенпеева, Ладислав Цветковски, Наташа Андонова, Ване Костуранов, Александар Иванов, Инес Ефремова, Катерина Николовска, Ѓорѓе Јовановиќ, Ристо Аврамовски, Душица Димитровска, Дарин Ангеловски,

Тим: Никола Гелевски, Фросина Крушкаровска, Доротеј Нешовски, Јелена Белиќ, Небојша Гелевски…

2022

Дубравка Угрешиќ, Јана Бауер, Барбара Прегељ, Хелена де Карина, Ружица Марјановиќ, Вита Требовац, Мерима Омерагиќ, Ирена Јовановиќ, Јана Букова, Данило Лучиќ , Маша Сеничиќ, Урош Крчадинац, Драган Протиќ, Никола Гелевски, Румена Бужаровска, Владимир Петровиќ, Анета Попова, Ненад Тонкин, Доротеј Нешовски, Фросина Крушкаровска, Ана Чушкова, Калина Малеска, Душица Лазова, Душко Крстевски, Гоце Смилевски, Тања Аждаја, Ива Дамјановски, Милан Дамјаноски, Стефан Алијевиќ, Владо Манчевски, Живко Грозданоски, Владимир Лукаш, Димитра (Димитра Цилевска)…

Тим: Никола Гелевски, Фросина Крушкаровска, Ненад Тонкин, Небојша Гелевски, Наташа Гелева…

2023

Синиша Туциќ, Нарцис Алиспахиќ, Далибор Талајиќ, Драгана Младеновиќ, Инес Георгиевска, Тома Димовски, Васко Маглешев, Марија Апчевска, Маја Младеновска, Денис Јанкуловски, Ѓорѓи Крстевски, Наташа Атанасова, Искра Гешоска, Иван Шопов, Владимир Лукаш, Ѓорѓе Јовановиќ, Калиа Димитрова, Стефан Алијевиќ, Ана Чушкова, Давор Стојановски, Искра Донева, Звук Караџиќ (група од Скопје)…

Тим: Никола Гелевски, Фросина Крушкаровска, Живко Грозданоски, Сашо Насковски Шекспир, Елена Митреска, Небојша Гелевски, Наташа Гелева…

2024

Семездин Мехмединовиќ, Адел Фаисал Ал-Зоаби, Ѓурѓица Чилиќ, Маријана Чанак, Томислав Марковиќ, Јерко Бакотин, Милица Дукиќ, Александра Бубевска, Здравко Савевски, Артан Садику, Анета Попова, Арлинд Фаризи, Калина Малеска, Љубица Шопова, Марија Ангеловска, Саша Станишиќ, Стефан Алијевиќ, Филипа Попова, Хана Корнети, Добрин Коцев, Владимир Лукаш, Сара Миленковска, Фросина Крушкаровска, Љупка Евроска, Драгана Каровска, Таблетариум – Ревија на социјални и психоделични графити (група од Ниш)…

Тим: Никола Гелевски, Катерина Трајановска, Сашо Насковски Шекспир, Елена Митреска, Небојша Гелевски, Наташа Гелева…

2025, прв дел (јуни)

Елизабета Шелева, Роберт Алаѓозовски, Марко Трпески, Филипа Сара Попова, Николина Андова Шопова, Симона Јованоска, Ива Михајловска, Стефан Алијевиќ, Александра Хаџи-Наумова, Сашо Гигов Гиш, Дуке Бојаџиев, Владо Манчевски (Моникер Глуф Гавраниќ), Марија Џонс, Милан Дамјаноски, Наташа Атанасова, Марија Џонс, Калина Малеска, Небојша Гелевски, Наташа Гелева…


втор дел (октомври): Светлана Слапшак, Миклавж Комељ, Ивана Меснер, Лујо Парежанин, Драган Протиќ, Ивана Хаџиевска, Ивана Јовановска, Мариана Бошковска, Димитрије Бужаровски, Мила Митевска, Стефан Алијевиќ, Ванчо Џамбаски, Жарко Трајаноски, Марија Арсенкова, Мила Јовановиќ, Александар Кендришиќ…

Тим: Никола Гелевски, Љупка Евроска, Сашо Наскоски Шекспир, Небојша Гелевски, Јелена Белиќ…

Фотографии во прилогот: 

Ванчо Џамбаски (озгора удолу: 1, 2, 3, 4, 5)

Јелена Белиќ (6, 7, 9)

Небојша Гелевски (8, 10, 11, 12, 13) 

Архива на Друга приказна на порталот Окно

Извор: Окно

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни