Депониите во земјава: Главен извор на токсични аерозагадувачи

Пожарот е значаен извор на аерозагадување и за жал тоа ни се случува во многу градови во текот на летната сезона и тоа е многу опасно загадување бидејќи освен органска маса, горат и други видови материи коишто може пластика, хемикалии и таму и димот од тоа согорување е веројатно многу поопасен од димот на дрвата. Крајно време е да се решат депониите, да се направат санитарни депонии на ниво на региони така како што е планирано и да имаме нели одржливо управување со отпадот вели – проф. д-р Дејан Мираковски, раководотел на лабораторијата Амбикон.

Според извештаите кои се достапни, на територијата на Македонија има околу 50 активни комунални нестандардни депонии (ѓубришта) кои работат без никаква дозвола и згора на тоа имаме над 2.000 нелегални депонии. Депонијата “Дрисла”, која му служи на Скопскиот регион, е единствена депонија во земјава која работи спред стандардите утврдени со Националната Стратегија за управување со отпад (2020-2030).

Ниту една од општински депонии не ги исполнува барањата за санитарно работење и заштита на животната средина. Најголем дел од комуналниот цврст отпад и од другиот собран отпад се одлага без никаков предтретман на комуналните нестандардни депонии. Ѓубрето се фрла на отворен простор, на падините или долж брегот на реките во близина на градот. Многу често, целиот отпад што вклучува индустриски отпад, опасен медицински отпад и отпад од домаќинствата е измешан и отстранет на истото место. Во руралните средини, населението го отстранува својот отпад со фрлање во предградијата на населбите. Илјадници диви депонии се создадени во каменоломи, јами и во природниот пејзаж во речните корита, долж патиштата, во долините и на падините.

Дивите депонии имаат сериозно негативно влијание на здравјето на луѓето и животната средина. Годишно се губат околу 1.300 животи од аерозагадувањето. Три групи на болести се поврзуваат со аерозагадувањето и тоа ракот на белите дробови, мозочните удари и болестите на срцето. Главни извори на болести произлегуваат од влијанието на депониите врз биодиверзитетот.

-Депониите генерално се проблем затоа што тие депонии коишто ги имаме не се соодветно конструирани, односно немаат процеси на набивање, покривање и така натаму и многу често се палат. Пожарот е значаен извор на аерозагадување и за жал тоа ни се случува во многу градови во текот на летната сезона и тоа е многу опасно загадување бидејќи освен органска маса, горат и други видови материи коишто може пластика, хемикалии и таму и димот од тоа согорување е веројатно многу поопасен од димот на дрвата. Крајно време е да се решат депониите, да се направат санитарни депонии на ниво на региони така како што е планирано и да имаме нели одржливо управување со отпадот вели – проф. д-р Дејан Мираковски, раководотел на лабораторијата Амбикон.

Вo 2023 година како држава сме произвеле 350.833 тони комунален отпад или во површина тоа би било 460.710 метри кубни. Пресметано во просек по глава на жител, секој жител на Северна Македонија лани создал 334 kg и 0,43 m3 ѓубре. Ако на ова се додадат колчините опасен отпад кои изнесуваат 417.753 m3 или 3751 тон, што се создава при ископување и физичка и хемиска обработка на минерални суровини, бројката е многу поголема.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни