Секој трет петок од декември луѓето низ целиот свет, наместо секојдневна облека, носат нешто попразнично и го слават ,,Денот на грдиот џемпер”.
Грдите џемпери постојат онолку долго колку што луѓето создадоа концепт за мода. Тие не биле секогаш намерно правени – понекогаш биле грешка во плетењето или тестирање нов дизајн што не испаднал толку кул.
Меѓутоа, не помина долго време откако бабите на своите внуци им плетеа грди божиќни џемпери со натпис „Ја сакам баба“. Сепак, грдите џемпери на масовниот пазар го имаа своето деби во 80-тите години.
Се чинеше дека 90-тите беа желни да се ослободат од трендот на грди џемпери, но трендот повторно се врати во 21 век во Канада. Имено, двајца мажи од Ванкувер дошле на идеја да ја организираат првата официјална празнична забава со џемпер за да соберат пари за лекување на нивниот пријател кој боледувал од рак. Забавата поминала одлично и потоа се организирале слични настани. Забавите со грди џемпери прераснаа во огромни настани, понекогаш за поддршка на добротворни цели.
Денес, забавите и натпреварите со грди џемпери се еден од најважните моменти на сезоната, при што сите се обидуваат да ја најдат најужасната облека.
Инаку, статистиката вели дека 23% од луѓето ќе купат грд џемпер. Без разлика дали станува збор за домашна забава, прослава со колеги или за семејни фотографии, 23% од луѓето ќе се приклучат на бригадата на грди џемпери.
Интересен факт е дека постои и компанија којашто произведува грди џемпери – Uglychristmassweaters.com. Нејзиниот профит само за три години вртоглаво пораснал и станала компанија од повеќе милиони долари.