Минималните температури ќе се движат меѓу 7 и 13 Целзиусови степени, а дневните ќе достигнат од 14 до 22 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви интервали. Температурите ќе се движат од 13 степени во утринските часови, до 22 степени во текот на денот, со слаб северен ветер.
Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека и во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер.
Извор: 360степени