Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски бр.12, без вода ќе бидат корисниците од истата улица. Прекинот на водоснабдувањето ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.
Од ЕВН Македонија соопштуваат дека без електрична енергија ќе останат повеќе локации низ Скопје.
Од 07:30 до 15:00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре бр.15, дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16–20, како и дел од локалите и влезовите на зградите на булеварот Климент Охридски бр.54, општина Центар.
Понатаму, 09:30 до 15:30 часот, дел од улицата Мирослав Крлежа (поранешна Ѓуро Ѓакович) бр.52, 54, 56, 58, 60 и 62, општина Центар, како и корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир од 08:00 до 14:30 часот.
Од 09:00 до 13:00 часот, дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Надлежните апелираат граѓаните навреме да се подготват за прекините во снабдувањето.