Делови од Скопје без парно

Денеска, 17 јануари, делови од Скопје останаа без парно поради пукната цевка во дистрибутивната мрежа, што предизвика прекин во испораката на топлинска енергија. Првично, проблемот ги засегна корисниците во општините Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда.

Екипите на ЕСМ веднаш излегоа на терен за да го лоцираат и изолираат дефектот, со цел што побрзо враќање на греењето во нормала. Попладнево компанијата соопшти дека за најголем дел од потрошувачите испораката е веќе нормализирана, откако проблемот е пронајден на булеварот „Крсте Мисирков“, при што прекинот остана ограничен само на неколку објекти и институции во тој реон.

ЕСМ апелира до потрошувачите за дополнителни информации да се јават во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви: 02/3076-200 и 075/400-100. Компанијата информира дека интервенцијата продолжува до целосно нормализирање на системот.

Прекините во грејната сезона повторно ја поставуваат дилемата за ранливоста на градската дистрибутивна мрежа и колку брзо дефектите можат да се пренесат и да го погодат домаќинствата и јавните институции.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни