Дел од Илинден и Ѓорче Петров денеска со планирани прекини на струја

Денеска ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија во два скопски реони, информира Регионалниот центар за управување со кризи, Скопје.

Во Општина Илинден, корисниците на улицата „Бунарџик“ ќе останат без струја во периодот од 09:00 до 13:00 часот поради технички зафати во мрежата.

Во Општина Ѓорче Петров, пак, прекин е најавен за дел од корисниците на улиците „Мице Козар“ и „Ѓуро Салај“, каде електричната енергија ќе биде исклучена од 09:00 до 15:00 часот.

Надлежните апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите обврски и да имаат разбирање за изведбата на работите во електроенергетската мрежа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни