Декани на повеќе факултети од Универзитетот во Нови Сад упатија заедничко барање за оставка на ректорот Мадиќ, поради ескалацијата на насилството во кампусот.
Во нивното соопштение се вели дека вчерашниот мирен протест на студенти и граѓани бил прекинат со брутална полициска акција, при што биле повредени голем број учесници. „Насилничкото однесување на мал број демонстранти, кои очигледно беа инструирани, не може да биде изговор за неселективна употреба на сила и хемиски средства врз илјадници присутни, ниту за обид за упад во факултетски згради“, стои во реакцијата.
Потписници на соопштението се: проф. д-р Ненад Магазин (Пољопривреден факултет), проф. д-р Срѓан Рончевиќ (Природно-математички факултет), проф. д-р Саша Марковиќ (Педагошки факултет во Сомбор), проф. д-р Милан Трифковиќ (Градежен факултет во Суботица), проф. д-р Александар Чучковиќ (Економски факултет во Суботица) и проф. м-р Зоран Крајишник (Академија за уметности).
„Уште еднаш го повикуваме ректорот Мадиќ да поднесе оставка и на тој начин да придонесе за смирување на состојбата“, се наведува во нивниот апел.