„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Асад преживеал атентат со труење во Москва, пишува „Дејли меил“.

Британскиот весник „Дејли меил“ објави дека врз поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад бил извршен обид за атентат, и дека тој бил во болница.

Асад пред девет месеци доби политички азил во Русија откако беше соборен од власта во граѓанската војна во Сирија.

Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, повикувајќи се на „приватен извор“, тврди дека Асад во понеделникот бил отпуштен од болница во предградие на Москва.

Истиот извор наведува дека Асад бил отруен и дека мотивот за атентатот бил „да се засрами руската влада и да се обвини за соучесништво во неговата смрт“.

„Дејли меил“ објави дека сирискиот Центар за мониторинг на човековите права соопшти дека состојбата на Асад сега е „стабилна“.

Исто така, тој додаде дека само братот Махер Асад имал дозвола да го посетува поранешниот претседател во болницата, пред се, поради високите безбедносни мерки.

Руската влада засега не ги коментираше тврдењата.

„Непотврдени извештаи претходно сугерираа дека Асад бил примен во болница во критична состојба откако бил отруен“, објави „Дејли меил“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни