Како што известуваат од Синдикална култура, децата ќе ги изработуваат мозаиците од своите омилени суперхеори, кои потоа ќе може да ги земат за спомен.
За работилниците се одговорни Сара Томевска од здружението Театар за тебе, како и актерите Гоце Андоновски, Изабела Јакимова и Билјана Јовановска.
Овој настан, со кој продолжува серијата настани за деца во Синдикална култура ќе се одржи во недела од 13 часот.
Цената на билетите е 300 денари, а бројот на места е ограничен на 20.