Данската премиерка за Гренланд: „Се наоѓаме на пресвртница“

Мете Фредериксен одби да открие дали постои план доколку САД се обидат со сила да го преземат Гренланд, предупредувајќи дека ваквите закани го доведуваат во прашање целиот западен сојуз.

Премиерката на Данска, Мете Фредериксен, изјави дека земјата се наоѓа „на пресвртница и во судбоносен момент“, одговарајќи на прашање дали постои конкретен план во случај Соединетите Американски Држави да се обидат со воена сила да го преземат Гренланд.

Фредериксен учествуваше на панел-дискусија во данскиот град Ниборг, заедно со претставници на повеќе политички партии. Таа нагласи дека јавноста мора да има разбирање дека не сите информации може да се споделат отворено, особено кога станува збор за чувствителни безбедносни прашања.

„Постојат многу работи на кои нема да одговарам јавно“, рече данската премиерка, додавајќи дека ваквите прашања мора да се разгледуваат на принципиелно, а не на оперативно ниво.

Според неа, ситуацијата е многу посериозна отколку што изгледа на прв поглед. Фредериксен предупреди дека доколку заканите од американска страна навистина значат откажување од западното сојузништво и притисоци врз земја-сојузник, тогаш тоа би било нешто што досега не било видено во рамките на НАТО.

„Ако се случува сојузник да му се заканува на друг сојузник, тогаш сè се доведува во прашање“, истакна Фредериксен, алудирајќи на потенцијалните последици за евроатлантската безбедносна архитектура.

Прашањето за безбедноста на Гренланд во последните недели сè почесто се наоѓа во фокусот на меѓународната јавност, поради изјави и анализи кои сугерираат засилен интерес на Вашингтон за оваа стратешка арктичка територија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни