„За една мала држава како што е нашата која не може да се надева дека ќе организира олимписки игри, мислам дека ова е врвот кој може да се добие и кој може да се изреализира. Многу адреналин, многу непроспиени ноќи и огромна количина на неизмерно задоволство, кое што се уште ме полни и уживам во тоа. Меѓутоа сите ние како индивидуи не сме важни, бидејќи она што е важно, што ќе остане сето ова запишано во аналите“, одговори Димевски на новинарско прашање од Трн.
Понатаму Димевски објасни како се вљубил во оваа работа и од каде потекнува тој негов интерес Уште на многу мала возраст, тој ја слушал приказната на неговата мајка која волонтирала како млада девојка за време на Шаховската Олимпијада, тој бил фасциниран од целото заедништво и сѐ што се случува на еден таков настан, понатаму работите се развивале поттикнати од тој негов интерес.
На прашање од Трн, дали случајно или не датумот на затворање на ЕМОФ се поклопува со годишнината од скопскиот земјотрес кога целата меѓународна заедница била во Скопје да помогне, Димевски одговора: Не беше намерно, но знаете како некогаш работите сами се местат, токму затворањето е на денот кога Скопје е срушено и кога Меѓународната заедница, повеќето од цела Европа најмногу со својата солидарност го изградија Скопје, така да токму сега со оваа солидарност што ја имаме сега со тој спортски дух верувам дека ќе биде одличен буст македонскиот спорт да продолжи да расте и да биде тоа што сакаме ние да биде“!